Илустрираниот „Капитал“ на Маркс меѓу водечките детски книги во Кина

Илустрираното издание на „Капиталот“ на Карл Маркс е едно од водечките детски книги во минатата 2018 година, според податоците на кинескиот институт за истражување на читањето, објавија во саботата државните медиуми.

Марксовото дело „Капитал“, првично објавено во 1867 година, претставува остра критика на капитализмот во тогаш индустријализираната Европа, особено на лошите услови за работа во фабриките.

Во новата верзија, „Капиталот“ е намален на 150 странции со илустрации во боја, за да ги привлече читетелите на возраст од осум до четиринаесет години, по повод 200-та годишнина од раѓањето на Карл Маркс, пренесува државната новинска агенција Xinhua.

Германскиот философ Карл Маркс сѐ уште е почитуван во Кина, каде што неговите дела влијаеле врз раните комунистички водачи како Мао Цетунг, Чу Ен-лај, кои успешно ја водеа комунистичката револуција по крајот на Втората светска војна.

Под водство на Комунистичката партија, Кина ја отвори својата економија за пазарни реформи во 1980-те години под паролота „социјализам со кинески карактреристики“. Сега е втора светска економија, веднаш зад САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.