Џим Кери влегува во светот на NFT: Купи слика од грузиски санаториум во кој бил Сталин

Легендарниот актер Џим Кери го купи својот прв NFT. Напуштениот санаториум во Грузија бил омилена дестинација на многу високи московски функционери за време на советската ера, а сега познатиот актер го купил за 40.000 долари.

NFT наречен Devotion, е дел од колекцијата The Wild Within во која се појавуваат 13 NFT уметници Рајан Купманс и Алис Вексел, кои фотографираат стари советски згради како оваа.

Според описот на NFT, Сталин го посетил поранешниот напуштен санаториум, а со распадот на Советскиот Сојуз местото станало напуштено, но сепак доволно привлечно за Кери да стане сопственик на NFT фотографија од него.

„Бев многу возбуден кога дознав дека Џим Кери го купи мојот NFT, бидејќи имам голема почит кон него како мултидисциплинарен уметник“, изјави Купманс за New York Post.

Кери се огласи и на Твитер, заблагодарувајќи му се на уметникот што му дал до знаење дека ова е првиот NFT што го купил.

„Ви благодариме што толку нежно го снимивте извонредното и немилосрдно обновување на природата“, напиша тој.

NFT е виртуелен пазар, каде што се купуваат и продаваат стоки: тоа е (се разбира виртуелно) место каде се среќаваат продавачите и купувачите, а производите базирани на NFT технологијата се прикажуваат и се ставаат на располагање. Купувачите/корисниците можат да купат NFT по фиксна цена или да понудат за него на аукција.

NFT е дигитално средство што претставува предмети од реалниот свет како уметност, музика и видеа. Овие non-tangible tokens се купуваат и продаваат онлајн, често со криптовалути, и тие обично се кодирани со истиот основен софтвер како и самите криптовалути.

Иако постојат од 2014 година, NFT сега се озлогласени, бидејќи стануваат попопуларен начин за купување и продавање дигитални уметнички дела. Од ноември 2017 година се потрошени неверојатни 174 милиони долари за NFT.