Им прекипе на жителите од Кисела Вода: Од недела Центарот за зависност повеќе нема да работи

Револтирани граѓани кои живеат во близина на Центарот за зависности во Кисела Вода, најавуваат радикален протест, кој ќе се одржи оваа недела во 19.00 часот. Тие неколку пати до сега побараа дислокација на Центарот, но нивните молби не беа исполнети иако им беше ветено дека Центарот ќе се дислоцира до 5-ти мај годинава.

Изреволтирани од неагилноста на институциите тие најавуваат масовен протест и велат дека од недела па натака Центарот повеќе нема да работи, пренесува Фокус.

Досега бевме коректни и конструктивни со сите чинители инволвирани во проблемов, кој ни го предизвикуваат ЗАВИСНИЦИТЕ од ДРОГИ и ПСИХОТРОПНИ СУПСТАНЦИ, укажувавме на проблемите дека недолично се однесуваат, пријавуваме кога ни правеа штета во домовите и кога не пљачкаа, пријавувавме и кога некое дете ќе се боцне на искористена игла. Минатата година кога и покрај нашата кооперативност за возврат добивме да низ цела населба има ИГЛИ И ШПРИЦЕВИ и да се повредуваат се повеќе деца излеговме на протест на кој повторно човечки и со разбирање го побаравме истото да се дислоцира центарот. Од тогаш наркоманите си земаа за сила и почнаа повторно да се соблекуваат голи пред нашите деца и жени и да се дрогираат, а чашата ја прели повредувањето на ќерката на еден од нашите соседи“, соопштија граѓаните од Кисела Вода.

Протестот во недела, велат од таму, нема да биде ниту најмалку како досегашниве протести.

Нема да е предупредувачки протест туку РАДИКАЛЕН. Од недела па натака ЦЕНТАРОТ НЕМА ДА РАБОТИ. Повеќе нема да дозволиме да не манипулираат и ЛАЖАТ, а нашите деца да страдаат заради негрижата на институциите. АКО ИМААТ СИТЕ НЕКАКВИ ПРАВА, ТОГАШ И НИЕ ИМАМЕ ПРАВО НА МИРЕН И БЕЗБЕДЕН ЖИВОТ ВО НАШАТА ОПШТИНА, велат жителите.