Им ставаа вештачки ракавици во теретаната на моите луѓе, па се докажа дека е невистина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на „Топ Тема“ посочи дека власта неколку пати се има обидено да го извалка неговото име со разно разни лаги, но не им поминаа. Вистината секогаш излегува на виделина.

„На луѓето од мое обезбедување графички на тие видео записи од камери им се ставаа во мафијашки стил ракавици, па се убедуваше јавноста, се зборуваше две –три недели дека јас сум прекршил некакви мерки во тек на пандемија“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека за тој случај се произнесе и јавното обвинителство при што рече дека наводите на СДСМ се лага.

„Се обидуваа од власта и овие избори да наштетат. Еве обвинителството излезе и даде своја изјава и рече дека не било така. Односно не сум бил таму присутен. Тоа било месеци претходно“, истакна Мицкоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.