Има 3 години и 142 поени на тестот за интелигенција – најмладиот член во историјата на „Менса“

3 – годишно момче од Малезија, кое живее во Велика Британија стана најмладиот член на „Менса“ во Велика Британија, најголемата и најстарата организација во светот, објави Си-Ен-Ен. Мухамед Хариз Наџим беше поканет да и се придружи на „Менса“, откако разговараше со психолог и по освоениот резултат од 142 поени на тестот за интелигенција.

„Браво за Хариз за поканата за влез во „Менса“. Тој очигледно е брилијантен млад човек и ние сме задоволни што го имаме покрај нас“ – рече Џон Стивениџ, извршниот директор на Манса Велика Британија.

За да може да стане член на оваа организација, мора да има IQ што спаѓа во топ 2% од населението, пишува на нивната веб-страница. Тестот кој го полагаше ова момче е наменет за деца над 10 години, а децата како малиот Хариз мора да бидат процените од едукативен психолог за да се утврди коефициентот на интелигенција.

Мајката на Харис, која е инженер, вели дека нејзиниот син е како секое друго дете. „Сака да црта и да чита книги, сака уметност, но и сака да пее“ – вели таа.