Колумни

Има ли човекот цена?

Има ли човекот цена?

Но, што се купува? Душа? Срце? Имот? Земја? Кој ќе утврди што е и дали е на продажба? Велат секој има цена, не дај Боже да ти ја погодат.

Знаете, домот каде живеам го изградил дедо ми во 1954 година, оттогаш три генерации живееле во него. Се врзуваат спомени, но станува се’ потешко. Одржување, дали да доградиш, реновираш, продадеш, но кога се думаш како да постапиш не се водиш од тоа што било, туку што ќе биде. Единствено ми е важно дали можам да направам нешто за подобра иднина на моите деца и барем за пристојна старост за себе и саканата. Со децении живот, едни до други, дури и да не сакаш се создала некаква нишка со соседите и паметам како срдечно се живееше, но како старееш сознаваш со какви џандарскио-удбашки намерно насадени за да дедо ми, кој дури сега дознав на некој начин бил третиран како дисидент и му е извршен таков мобинг да починува од рак. Цел живот ме лажеа дека бил алкохоличар, во суштина, огорчен човек кој бил прогонуван како криминалец – оти бил способен, нејсе. Не сум „крајпуси“ како редовно прогонетите од сите страни на квадрантов на млечниов пат кои уште мрсат како морале да пребегаат оти биле правдољубиви, ама ги прогонувале. Имало правдољубиви, секако, некој процент денес дознавам дека праведниците кои заминаа и оние кои останаа повеќето се кримногени структури.

Така и околината, си живеел со некого 50 години преку ноќ продава куќа, имот бега се сели и ни поздрав, наведнуваат глава на улица… си викам толку ли многу залудно време моите потрошија на вакви јадови на безлични безрбетници – луѓе глувци, кои се кријат во своите дупки спремни, не да продадат земја, туку и себеси, а камо ли нешто повозвишено. Мислам дека и плебсот не ја научи леекцијата од шарената ревоулција – новото време нема сентимент, нема историја, нема чувства за било кој, освен сега и личниот интерес. Каков идентитет, какви бакрачи.

Извитоперена некаква филозофија без јасна цел и крај. Создадена за да бидеш владеен, а со тоа да немаш никаква одговорност за сопствените постапки.

Убеден сум, драги мои, да пратениците и политичарите да беа аноимни и да само во еден миг имаат шанса да знаат дека нивната постапка нема да има консеквенци – би не’ продале ѓутуре, а огромен дел со ура би го дочекале. И оние кои ги нарекувате патриоти кои урлаат по твитерсуратните платформи, тоа го прават само од лична корист. Никому и никој ама баш не му е гајле освен личниот интерес. Секако, морам заради статистичка грешка, да бидам доверлив, но сево ова е само политичко – партиска борба, простете што не верувам никому, бидеејќи, ако не се спороведе на еден, ќе се спорведе нештото на друг начин, по повисока цена и поголеми жртви се до мигот кога сите оние кои се во игра не добијат чувство на сигурност дека ќе можат безбедно да си ја оправдаат одлуката пред народот и законот и уште подобро наплатат.

Имаат страв едните за неисполенто – другите како да го исполнат. Помеѓу, сива зона на луѓе со добра воља. Сите лажат и сите се добри, но не е тоа така само кај нас и не се однесува само за нашата ситуација, истото е во секој сегемент на човековото битисување, сите имаат виши идеали се’ додека не се чувствуваат загрозено, а потоа се бараат излезни решенија и заобиколни стратегии.

Како е сега да си во парламент? Па, морам со машки пример, не е секстички но е грозоморно, замиселте да си ја фатите кожинката од јајцата со патент, како сега? Напред или назад? Што и да направите ќе има малку крв и пиштење.

Избори или изгласување, сеедно само продолжување на агонијата, време е да заврнат жаби од небото – Челични Магнолии.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес