11.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Има ли дискриминација во огласот за слушатели во академијата за судии и јавни обвинители

Има ли нерегуларности во изборот на 60 слушатели во седмата генерација на Академијата за судии и јавни обвинтели “Павел Шатев” ?

Велат претходно кога се пријавиле на огласот не биле известени дека ќе биде донесен нов Правилник и ќе им бидат преземени местата.. Бараат Правилникот да се тргне и да имаат ист третман како и кандидатите од огласот за 30 слушатели во 2016-, чија листа беше проширена за уште 7 кои припаѓаат на заедниците.

„Живееме во една сериозна здравствена криза и најавите на Академијата за нов оглас би претставувало сериозен на идните кандидати кои би се пријавиле на следниот оглас и на органот на Академијата. Судскиот совет и совет на ЈО имаат побарано и претходната година и сега потреба од кадар поради испразнети места, бараме да биде проширена квотата и нашата неправда да биде исправена бидејќи се чуствуваме крајно изреволтирани и изигнорирани. “-Томе Делов – Кандидат на последниот оглас на Академијата

Од Академијата пак велат дека на 22 и 23 јуни 2019-та, една недела по објавувањето на огласот на подготвителната настава на кандидатите им биле презентирани сите тековни измени на законските и подзаконските акти, со напомена да ги следат сите информации по однос на приемнит испит објавени на нивната веб страна.. Притоа соопштуваат дека одлуата за утврдување на посебна квота за припадниците на заедниите Управниот одбор може да ја донесе во било кое време во текот на постапката за полагање на приемен испит.

“ Истакнуваме дека доколку Академијата не ги испочитуваше законските и подзаконските одредби во врска со соодветна и правична застапеност на зедниците кои не се мнозинство , токму таквото непостапување ќе претставуваше вистински и единствен основ за поништување на огласот, бидејќи само во тој случај ќе се дерогираше една од темелните вредености на уставниот поредок. “ Соопштуваат од Академијата.