Има надеж за спас на „Еуростандард банка“, но дали СДСМ тоа го сака?!

Новата влада на социјалдемократите на Зоран Заев започнува со еден голем скандал во сферата на финансиите, со туркање во стечај на „Еуростандар банката“ којашто само до пред година и пол вредеше 200 милиони евра. Според сознанијата до кои дојде НетПрес, од извори многу добро запознаени со состојбата на банката, постоела и сѐ уште има можност таа да биде спасена, но прашање е колку за тоа волја ќе има старо-новата владејачка стуктура.

Стечајот на „Еуростандард“ банката беше проглесен на 12-ти авгус, а епилогот се 100 илјади блокирани сметки, четириесетина илјади пензионери без своите пензии, измамени штедачи и над 20 милиони евра депозити. Воедно во овој случај се отвора и сомнеж за криминално и коруптивно делување, особено во случајот на министерката Нина Ангеловска, која сигурно била запознаена со одлуката банката да биде однесена во стечај и да се прекине обидот за нејзино спасување, па си го повлекла својот влог од 250 илјади евра. Во секој случај, ситуацијата на банката во која доминантна сопственост има еден од најголемите македонски бизнисмени Трифун Костовски, ќе биде уште долго новинарски истражуван. Но секако и правно, бидејќи Костовски на прес-конференција најави дека правдата и вистината ќе ги бара, ако треба и пред арбитражните судови во странство.

Нашите соговорници како скандалозно го посочуваат и тоа што за отворената стечајна постапка првото рочиште е закажано дури на 8-ми октомври, а оти е именувана судијката Ирена Петрушевска која била ангажирани во бројни стечајни постапки за фирми кои биле проследени со сомневања за коруптивни активности.


Како што рече и на прес-конференцијата самиот Костовски, покрај сопствените вложувања во санирањето на состојбата на банката, биле водени и сериозни преговори за купопродажба на „Еуростандард“ банката, но која не се случил и претходните месеци поради отежнатите услови за патувања и договарања наметнати со рестриктивните мерки во услови на пандемијата на коронавирусот. Сега, според документите произлегува дека договор за купопродажба на банката е скучен на 14-ти август, а два дена претходно Народната банка ѝ ја одзема лиценцата за работа на „Еуростандард“ иако несомнено е дека потполно била запознаена со настојувањата да таа да биде санирана или да го смени сопственикот, кој ќе инвестира во нејзиното санирање.

Имено, според нашите соговорници, постои Договор за купопродажба на „Еуростандард“, кој е потпишан меѓу Трифун Костовски и извесен бизнисмен Иван Жилиќ. Станува збор, според достапните информации, за Хрват од босанскохерцеговско потекло, кој својот завиден капитал го стекнал како иноватор. За договорот се преговарало пред стечајот на банката и бил постигнат договор за купопродажба, кој за жал на сега оштетените македонски граѓани и фирми, не се оствари. Како што рече и самиот Костовски на средбата со новинарите, без да го открива идентитетот на заинтересираната страна, бил обезбеден сигурен и стабилен инвеститор, но стечајот ја стопирал реализацијата на договорот. Во моментов и според проложениот дикумент се зборува за сума од 100 милиони евра кои би се инјектирале во банката, како дел од промена на сопственичката структура и инвестиции. Притоа, Костовски го известил Жилиќ дека лично ги информирал гувернерката и Народната банка дека има понудувач, а оти тоа го сторил на 10-ти август. Со тоа, би отпаднала потребата од одземањето на лиценцата за работа на „Еуростандард“ банката и поведувањето на стечајната постапка. Но и покрај тоа, сепак само два дена подоцна е донесена, како што се покажува сега, во најмала рака контроверзната одлука.

Таква потврда дал и самиот Иван Жилиќ за новинарот Зоран Божиновски, кој објави фрагменти од преписката со бизнисменот. Божиновски на својот портал Буревесник објави, покрај делови од преписката со Жилиќ, и дека од проверката во германскиот Централен регистер дошол до податоци дека станува збор за бизнисмен кој има регистрирано иновации на свое име во износ од над 20 милијарди евра.

Бидејќи овие информации не се негирани или деманирани од прозваните, оттаму сега се поставува сомнежот дека не е скандал само дозволувањето да се згасне една банка, да се доведе во прашање кредибилитетот на македонскиот банкарски систем и оштетувањето на домашните штедачи и компании. Скандалозно, имено, е и тоа што доколку гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и Комитетот за финансиска стабилност знаеле за преговорите и уште повеќе за постигнатиот договор меѓу Костовски и Жилиќ, зошто тогаш не дале шанса да се финализира зделката во предвидениот период, а разликата е само неколку денови, па нека е и седмици.

Истовремено, скандалозно е тоа што со одлуката за стечајот на банката се прекинува инвестиција од 100 милиони евра кои потекнуваат од Европската унија. Интересно, слична работа се случи во време на владеењето на СДСМ, во 2005 година, кога пропадна интересот на бугарската групација ДЗИ, која единствена од источна и централна Европа тогаш котираше на њујоршката берза процената на 1,7 милијарди евра, за преземање на три помали пропаднати македонски банки.

Засега е неизвесно како натаму ќе се одвиваат случувањата со „Еуростандард банка“ АД Скопје. Меѓутоа, според нашите соговорници Хрватот од Германија нема да се откаже од преземање на банката. Каков ќе биде односот кон оваа ситуација на државните власти и финансискиот регулатор, ќе посочи и кон одговорот на прашањето зошто за само неколку дена разлика е донесена одлуката за туркање на банката во стечај, наместо да се дозволи нејзиното стабилизирање, како и она дали има некоја друга заднина на пропаѓањето на „Еуростандард банката“.