Има пари за мебел додека државата е пред банкрот со над 60 отсто јавен долг

41

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Благица Ласоска денеска на собраниска седница за ребалансот на буџетот кажа дека нивото на долг изнесува над 60 % од БДП додека владата троши пари за мебел.

„Фискалниот простор се стеснува со тоа што нивото на долг се доближи до 60 % од БДП. Јас бев пратеник 2014 до 2016 година кога вашите колеги тогашни опозиционери скокаа тука по говорниците протестираа дека и велеа дека има грчко сценарио во Р. Македонија. еве го почитувани граѓани, почитувана колешке зголемувањето на јавниот долг по години. 59 , 3 односно 60 % е јавниот долг на Р. Македонија што согласно критериумите на Мастрихт ние веќе не сме средно задолжена земја туку високо задолжена земја и ако се користам со речникот на тогашната опозиција ние сме банкротирана држава. Само за граѓаните тогаш кога сте протестирале и велеле дека Р. Македонија е на работ на банкрот и дека и се спрема грчко сценарио а тоа е нели 2012 , 38, 3 % 2013 изнесува 40, 3% јавниот долг , 2014 45,8 % 2015 46,6 % и 2016 48,5 %. И тогаш доаѓа одговорната домаќинска влада 60 % и ние сме на работ на банкрот“ посочи Ласоска.

Таа кажа дека иако јавниот долг се зголемува и задолжувањата растат владата има пари за мебел и пари за невладини организации.

– Е ама има пари за мебел. Не се скратени во ребалансот пари за мебел и пари за невладини организации и тоа мене не ми е чудно но на граѓаните претпоставувам им е чудно зошто на невладините организации не им се скратени средствата , договорните услуги исто така дополни Ласоска.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.