Има пратеници кои сакаат да го напуштат Заев затоа што им ветувал многу, а не исполнил ништо

Сe уште стојам на тоа што беше кажано дека пратеници од СДСМ сакаат да ја напуштат пратеничката група и Зоран Заев, рече лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето на штипската телевизија Стар.

Претседателот на партијата, Мицкоски истакна дека на тоа работат самите тие кои се незадоволни од Заев.

-На тоа работат тие кои сакаат да го напуштат Зоран Заев. Има пратеници кои сакаат да го напуштат Заев затоа што им ветувал многу, а не исполнил ништо. Тие се незадоволни од тоа како Заев ја менаџира партијата, коалицијата и државата, кажа Мицкоски.

Според Мицкоски ВМРО-ДПМНЕ тука нема што да прави бидејќи поединци се свесни и сами си одат зошто се излажани, или ветувал многу, а не направил ништо.

-Тие нездаоволните сами доаѓаат и кажуваат. Ние само сакаме државата, Собранието да не бидат панаѓур како што тоа можевме да го видиме, рече Мицкоски.