Има загинати и повредени од експлозија на гас во ресторан во Кина (ВИДЕО)

Најмалку тројца луѓе загинаа, а повеќе од 30 се повредени во експлозија на гас во ресторан во градот Шенџијанг во североисточна Кина, објавија денеска државните медиуми.

Според извештаите на медиумите, експлозијата искршила прозорци во соседните згради и го запрела сообраќајот.

На социјалните мрежи беа објавени фотографии на кои се гледа дека по експлозијата од ресторанот не останало ништо друго освен столбовите.