Имала 36 години а не 23 пациентката која почина од ковид во Велес

Првичната објава во локални медиуми во Велес, дека синоќа во болницата починала 23-годишна девојка позитивна на вирусот, предизвика вознемиреност кај јавноста. Сепак, не 23, туку 36-години имала пациентката од Иванковци, која синоќа починала од ковид во велешката болница.

Грешната информација за возраста на девојката се случила ненамерно, од страна на болницата, од каде се извинија. Таа била хоспитализирана во модуларната болница седум дена, била со церебрална парализа, параплегија и епилепсија.

Со цел да добиеме повеќе информации за случајот, се обидовме да стапиме во контакт со епидемиолозите од ЦЈЗ Велес, но до објавата на веста тие не одговорија на нашите телефонски повици.