Имало поплаки на оружарката на филмскиот сет на кој се случи смртоносниот инцидент со Болдвин

2825
Хана Гутiирез Рид

Младата 24-годишна специјалистка за оружје Хана Гутиерез-Рид која била оружарка на снимањето на вестерн филмот „Rust“ на чиј сет холувудскиот актер Алек Болдвин случајно смртно ја застрела директорката на фотографијата Халина Хатчинс, била оценета како неискусна и имало повеќе поплаки на нејзината работа и при снимања на други филмови претходно, пишува изданието Daily Beast повикувајќи се на извори во филмската екипа.

Претходно било прекинато снимање на вестернот „The Old Way“, во кој главната ролја ја толкува познатиот американски актер Николас Кејџ, откако Гутиерез-Рид ѝ дала пиштол на 11-годишна актерка без задолжителната провека, изјавиле извори запознаени со ситуацијата.

Соговорниците, исто така, ја обвиниле Гутиерез-Рид за невнимание и недоволна проверка на оружјето во текот на снимањата.

„Беше невнимателна во манипулирањето со пиштолите, постојано мавтајќи со нив. Неколкупати се случи да го наполни оружјето со ќорци, но тоа го стори на начин за кој сметавме дека не е безбедно“, изјавил извор од филмската екипа на „The Old Way“.

Како што напомнува изданието, во текот на снимањето на филмот „Rust“, филмската екипа најмалку двапати се соочила со непланирани истрели од оружјето подготвувано од Гутиерез-Рид. На сетот неретки биле поплаките, а некои членови на филмската екипа наводно го напуштиле местото на снимањето неколку часа пред убиството на директорката на фотографијата, демонстрирајќи незадоволство од работата на оружарката.

Учесниците во проектот, според изворите на изданието, за трагичниот инцидент го обвинуваат и помошникот режисер Дејв Холс, кој наполнетиот со боева муниција пиштол му го предал на Болдвин и рекол дека неговата употреба е безбедна. Според вклучени во снимањето, Холс, исто така, морал да го провери пиштолот и да му ги предаде реквизите на актерот.

Претходно во саботата американските медиуми објавија дека истрагата е фокусирана на филмската оружарка, 24-годишната Хана Гутјерез Рид, која според прелиминарниот извештај до истрагата го подготвувала огненото оружје од кое актерот го истрелал фаталниот куршум. Тој пиштол младата жена го ставила на количка со уште две парчиња оружје.

Помошникот на режисерот Дејв Холс, искусен професионалец, му го додал оружјето на Болдвин во текот на пробата за сцената и му рекол дека оружјето е „студено“, односно со филмски жаргон дека е без боева муниција.

Холс „не знаел дека пиштолот е наполнет со вистинска муниција“, навел во извештахот агентот Џоел Кано од канцеларијата на шерифот за округот Санта Фе.

Инцидентот се случи во четвртокот попладнето на снимањето на филмот „Rust“ на ранчот „Бонакнца Крик, јужно од градот Санта Фе во американската сојузна држава Њу Мексико. Погодена во градите, според прелиминарниот извештај на истрагата на кој се повикуваат медиумите, Халина Хатчинс со хеликоптер била префрлена во болницата во Албукерки каде што е прогласена мртва, Режисерот Џоел Соуза, пак, погоден е во рамето и закрепнува откако беше згрижен во болница во Санта Фе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.