Имаме лоши спомени со Македонија, за Италија ова е како нов плејоф, вели Киеза

Nazionale Italiana di Calcio Италијанската фудбалска репрезентација и денеска ќе ја има улогата на фаворит против Македонија, но и на оваа средба влегува со одреден страв поради последните соочувања со нашиот национален тим. „Азурите“ ќе бркаат победа поради императивот да обезбедат место на ЕП 2024, но нашите репрезентативци не само што не загубија во Скопје, туку се уште се „кошмар“ за италијанските фанови поради големата победа во Палермо во плеј-оф битката за претходниот мундијал. Федерико Киеза ги пропушти претходните натпревари на својата репрезентација, но сега е подготвен да биде еден од лидерите на теренот, а и самиот побара претпазливост во соочувањето со секогаш незгодната селекција. – Очекувам тежок натпревар, имаме лоши спомени од дуелите со Македонија, но ќе потсетам дека секој меѓународен натпревар е комплициран и незгоден. – За нас овој мини-циклус е како плејоф, мора да ги добиеме двата натпревара, емоциите и одговорноста потсетуваат на таа епизода во Палермо, но се надевам дека на „Олимпико“ ќе биде поинаку. Мора да работиме напорно и да победиме, Италија мора да игра на ЕП, – изјавил Киеза. ПОВРЗАНИ ТЕМИ ФЕДЕРИКО КИЕЗА ИТАЛИЈА ШТО ЧИТААТ ДРУГИТЕ? Телото ќе се исчисти за 2 дена и од вас наутро ќе излетаат куп паразити! Actions Right After Breakup: The Most Hidden Stupidity Gaming Much? Here's What Actually Happens To Your Body How To Avoid The Pitfalls & Be The Best Bf You Can Possibly Be 8 Things You Probably Didn't Know About

Италијанската фудбалска репрезентација и денеска ќе ја има улогата на фаворит против Македонија, но и на оваа средба влегува со одреден страв поради последните соочувања со нашиот национален тим.

„Азурите“ ќе бркаат победа поради императивот да обезбедат место на ЕП 2024, но нашите репрезентативци не само што не загубија во Скопје, туку се уште се „кошмар“ за италијанските фанови поради големата победа во Палермо во плеј-оф битката за претходниот мундијал.

Федерико Киеза ги пропушти претходните натпревари на својата репрезентација, но сега е подготвен да биде еден од лидерите на теренот, а и самиот побара претпазливост во соочувањето со секогаш незгодната селекција.

– Очекувам тежок натпревар, имаме лоши спомени од дуелите со Македонија, но ќе потсетам дека секој меѓународен натпревар е комплициран и незгоден.

– За нас овој мини-циклус е како плејоф, мора да ги добиеме двата натпревара, емоциите и одговорноста потсетуваат на таа епизода во Палермо, но се надевам дека на „Олимпико“ ќе биде поинаку. Мора да работиме напорно и да победиме, Италија мора да игра на ЕП, – изјавил Киеза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.