Имаме завет да го чуваме тоа што сме го наследиле и да го предадеме на поколенијата

23

Од говорницата на митингот во Општина Центар професорката Гордана Силјановска Давкова носител на кандидатскат листа на опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 1, вечерва прво им се заблагодари за присуството на многубројните жители од центарот на главниот град го честиташе македонскиот празник Денот на борецот, кој се одбележува на 4-ти јули при што упати искрени честитки до САД за тамошниот национален пазник Денот на независноста.

„Ние народот сме собрани овде. Ние народот имаме право на самоопределување. Никој тоа право не може да ни го одземе. Името е дел од правото на самоопределување. Не е точно дека ние не сакаме да го вратиме. Повторувам. Не само што ги знаеме сите начини, туку ги знаеме и сите постапки. Има место за љубов само кон една татковина. Јас му верувам на оној горд Ирец, Бернард Шо кога вели дека се можете да смените, само татковината не можете. И вели дека битката секогаш е битка за Ирска, за Македонија или за Финска. Пазете во 1876-тата година. Тоа нему му е јасно, а ним не им е јасно. Дури и човекот број еден на СДСМ, Киро Глигоров рече Македонија е се што имаме“, рече Силјановска-Давкова.

Посочи дека ако е денеска Денот на борецот, а нејзиниот татко бил борец на 17 годишна возраст, се разбира, дека постои некој завет кој го дале тие борци.

„А тоа е дека она што сме го наследиле не е лично, а не е ни колективно, туку му припаѓа на народот ќе го чуваме и ќе го предадеме на поколенијата по нас. Она ВМРО се буди токму тогаш кога е загрозена Македонија. Не само тука на оваа територија, туку и во Австралија, Канада и Америка. Нема самопочит, без почит кон предците, кон историјата, нема дрво без корен. Ама за жал тие сакаа македонизмот да го импутираат. Да го пресечат коренот на ова дрво. Ние бараме во модерна Европа она што важи за сите народи, а нема народ без малцинства во соседството, да важи и за нас. Ние бараме да се почитува Конвенцијата за заштита на правата на малцинствата и да се почитува Конвенцијата за регионални малцински јазици“, рече Силјановска-Давкова од говорницата.

На крајот таа порача дека она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го спроведува по 15-ти јули ќе биде „вистински луѓе на вистинско место“.

„Така најмладите нема да си заминат. На Македонија и треба даскал. Учител. А учителот е пред вас, господинот Мицкоски“, заклучи Силјановска-Давкова.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.