Имамоглу повторно победи во Истанбул, Јилдирим го призна поразот, Ердоган му честиташе

Бинали Јилдирим, кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (AKP) на турскиот претседател Реџепт Тајип Ердоган го призна во неделата поразот на повторените избори за градоначалник на Истанбул и му честиташе на опозицискиот кандидат Екрем Имамоглу, кој најави „нов почеток за Турција“, но и подгорвеност со Ердоган кој исто така му честиташе и Имапорано беше градоначалник на метрополата да работи заедно за доброто на Истанбул.

Имамоглу освоил малку над 54 отосто од гласовите, наспроти 46 отсто за Јулдирим, пренесува агенцијата Anadolu.

Поранешниот премиер Бинали Јилдирим, го призна поразот. „Му честитам и му посакувам среќа“, им рече тој на своите приврзаници.

Имамоглу, пак, рече дека резултатот означува „нов почеток“ за градот. „Отвораме нова страница во Истанбул“, рече тој. „На оваа нова страница, ќе има правда, еднаквост, љубов“.

Ердоган го поздрави високиот одѕив на гласачите во Истанбул, и му честиташе на избраниот градоначалник.

„Му честитам на Екрем Имамоглу, кој победи на изборите, според неофицијалните податоци“, напиша на Twitter Ердоган. И притоа рече дека изборната коалиција меѓу неговата AKP и Партијата на националното движење (MHP) и натаму ќе настапува заедно.

Оѕивот на изборот за градоначалник на Истанбул бил речиси 85 отсто од вкупно 10.570.222 гласачи. Што значи дека најмалку се валидни гласовиет на 8.680.850 избирачи,

Четириесет и деветгодишниот Имамоглу е од секуларната Републиканска народна партија (CHP) и е градоначалник на истанбулската област Бејликдузу. Тој беше поддржан и од опозициската Добра партија (IYI)

Но неговото име беше едвај познато пред да се кандидира за градоначалник на изборите во март.

Јилдирим, пак, е основач на AKP и беше премиер од 2016 до 2018 година, кога Турција стана претседателска демократија и таа функција престана да постои. Во февруари беше избран за претседател на новиот парламент, а претходно беше министер за транспорт и врски.

Тесната победа на Имамоглу од 13.000 гласа во март не беше доволна за Јилдирим да го прифати поразот. Владејачката партија тврдеше дека гласовите биле украдени и дека многу набљудувачи на гласањето немале официјална дозвола, по што избирачкиот одбор побара повторно гласање.