Имате поплака за Агецијата за храна и ветеринарство јавете се на 0800 3 22 22

Агенцијата за храна и ветеринарство го стави во функција бесплатниот телефонски број 0800 3 22 22 наменет за потрошувачите на кој 24 часа, може да се пријават неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните.

На оваа телефонска линија потрошувачите имаат можност да дадат и предлози за унапредување на работата на Агенцијата.

Граѓаните имаат право да ја искористат можноста и да останат анонимни, а доколку остават податоци (име и презиме, адреса и телефонски број за контакт)  ќе добијат и писмено известување.

Јавувањата на потрошувачите ќе бидат снимени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.