Именувани новите членови на Агенцијата за медиуми

137

Комисијата за избор и именување, денеска ги изгласа новите членови на Агенцијата за аудио и визуелни услуги. Членовите кои ќе го сочнуваат телото се избрани од ЗНМ, Македонската асоцијација на новинари (МАН), Адвокатската комора, ЗЕЛС, Интеруниверзитетската библиотека, како и двајца членови од стариот состав на СРД.

Зоран Фидановски е претставникот на ЗНМ, Лазар Трајчев на МАН, а Алма Машовиќ е претставник од Адвокатската комора. Машовиќ досега беше и член на Советот за радиодифузија.

Методија Јаневски е новиот член од Интеруниверзитетската библиотека, а ЗЕЛС ќе биде претставуван од Милаин Феити.

Списокот од седум лица се завршува со Лазо Петрушевски и Селвер Ајдини кои се актуелни членови на Агенцијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.