Империјата (Ќе) Го Возвраќа Ударот

4956

Мислевте дека току лесно се ќе помине? Пар снимки и УРААА!!! Се смени власта? Не бидете наивни, треба малку и „улица“ за таа работа, а таа одамна никој не ја владее. Улицата е заменета со Твитер и Фејсбук. Ма шути, арно не почнат и на Инста, кој ќе трпи и тоа.

Комитети бункери

Посебно забележав нешто кај сегемент од базата кај вмровците, можеби изолоран случај… Но. Знаете, за да придобиеш народ, комитетите, кога си во опозиција, природно се отворени, циркулираат луѓе и на некој начин по некоја (не)природна, ама нормална селекција, се позиционираат серизно добри луѓе. Ако нивниот број е процентуалено голем и симпатиите на гласачите ќе се вртат. Но, на пар места забележав дека таму веќе работат како да се затвроени листите, нема луфтирање, абе небаре добивање на власта е готова работа.

Далеку е земјава од промена на власта, не заборавајте, кога беше интергалактичка поддршката за сегашнава со десетици милиони годишно истурени за медиуми, беа потребни години за тоа. Со покажување вегета знак, шкртање по пари и „името не го даваме“ – ништо не се прави. За жал, убедени во дисциплина и чекање наредби од врвот кое се смета за доблест, не сум баш сигурен дека е најдобар пристап. Секојдневно автономно делување, како што работеа невладините ѓоа новинари и соросоиди, ќелиски, и тоа како добар пристап и се докажа и покажа како таков.

Контранапад

Тоа што власта е пасивна нека не ве залажува дека се во „страшна“ паника, секако дека без секој се може и во овој миг се прави „харм редакшн“ калкулација, така што они сега делуваат пожарникарски. Се локализира пожарот, се остава неколку дена да прегори, се копа ров околу него, што прегори-изгори после се сече и терај натаму. Нивните Пи-Ар служби се светлосни години понапред од овие на опозицијата, пред се’ заради финансиката поддршка. Секогаш е така, првите три дена медиумски се најинтезивни, после се’ спласнува. За да се одржи висока тензија они ги имаа шарените на улица кои за секоја објавена снимка со месеци подсетуваа, а меѓународната триеше нос. За овие случаи премногу скромно, калето е премногу молчаливо или можеби мене така ми се чини, можеби сметаат дека пар изјави нивни треба да запалат црвено светло, ќе видиме. Меѓународната поддршка која СДСМ досега ја имаше секако дека се менува, и да не направеа ништо лошо, нормално е, но во меѓународната нема тектонски промени до толку кои би ги пресекле сите доводи. Допрва ќе следуваат сериозни контраудари, прво со игнорирање потоа со релативизирање. Бубо сега ко ќе извае една чорбичка да се расркате има прсти да излижете.

„Ла Верита“

Преголема игра стана со влегувањето на „Ла Верита“ – италијанскиот весник и медиум и тоа тешко дека може да се сузбие… чекај, па кај е видеото каде се спомнува Могерини? Забрането? Симнато? Ете ви пример колку се моќни и јаки и нема шега со нивните структури, може да бидат затечени, но не паѓа структура, која со децении се позиционирала, така лесно. Трамп не може да ја смени сопствената меѓународна политика заради инерција која ја има и паразититие набутни во нивните служби кои и тоа како, заради големината на структурата на државниот апарат можат да делуваат автономно. Да, дечки, не е САД како нашава, дошол Грујо или Заев и он команда со се’, не е баш така, во толку голем апарати потребни се години и години за да дојдат радикални промени и во ЕУ. Ако продолжи „Ла Верита“ да објавува континуирано, тогаш шансите се големи за тектонски промени, но јас сум бил и ќе останам коментатор во живо и толку, за мене се е фудбалски натпревар :). Не си терајте филмови дека било кој од меѓународната личност или организација може и ќе одговара дури и за најфлагрантен доказ за корупција кај нас. Ако ги фатат другде за друго, да, за ова, овде, турам опклада – њенте!

Затоа лунпен интернијатот засега држи каква таква тензија, но недоволно е само тоа, треба сериозни … еј, па кој сум јас да солам памет, ене ви го паралитико, он е главата не медумскиот Пи-Ар гигант.

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.