Имобиле поради повреда ќе го пропушти финалниот турнир на Лигата на нациите

Напаѓачот на калчолигаш Лацио, Чиро Имобиле, го повредил мускулот и според италијанските медиуми ќе го пропушти мечот против Болоња во неделата и и финалниот турнир на четирите селекции во Лигата на нациите, кој ќе се одржи од 6-ти до 10-ти октомвро Милано и во Торино.

Лацион објави дебиле следните денови ќе биде подвргнат на подетални прегледи за да се утврди времето потребно за закрепнување. Имобиле се повреди во четвртокот во натпреварот од Лига Еврапа во кој Лацио ја совлада Локомоти Москва со 2:0.

Споре италијанските медиуми во репрезентацијата би требало да го замени напаѓалчот на Јувентус, Моисе Кин.

Во завршницата на Лигата на нациите во средбите на 6-ти октомври на милански „Сан Сиро“ се среќаваат европскиот шампион Италија и Шпанија, а ден подоцна во Торино ќе се соочат Белгија и Франција.

Финалето на распоредот на 10-ти октомври на „Сан Сиро“, во 20,45 часот, а пред финалето во 15 часот ќе се игра мечот за третото место.