Имотот на Јанева како гаранција за да излезе од Шутка

107

Адвокатката Ирена Фрчкоска, која ја застапува довчерашната специјална обвинителка Катица Јанева во интервју рече дека подготвуваат барање за укинување на мерката притвор за Јанева, а како гаранција ќе го понудат нејзиниот имот. Адвокатката во интервју за ТВ 21 вели дека со разрешувањето на Јанева се намалени основите поради кои е изречена мерката притвор, оти таа веќе нема статус на специјален обвините и не може да ја компромитира, да влијае и да ја злоупотребува својата функција. Јанева е во притвор од 21 август за вмешаност во случајот Рекет.

Нејзината адвокатка вели дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.