24.9 C
Skopje
понеделник, септември 16, 2019

Император Битола дематира: Девојчето не се удавило во нашиот базен

356

Претходно во средата беше објавено дека според сведочење на присутние, 13-годишно девојче се удавило денеска на базенот „Довлеџик“ во Битола.

Засега не се соопштува идентитетот на девојчето, а полицијата спроведува истрага на местото на несреќата. Според раководството на системот „Стрежево“, базенот од 2017 година е даден на петнаесетгодишно управување на приватна компанија. Во медиумите беше посочено дека базенот не бил отворен за посетители, но зачудувало тоа што немало чувари на објектот.

Ги известуваме сите капачи на олимпискиот базен Император Битола дека немилиот настан на удавено девојче не се случи на нашиот базен.
Се оградуваме од сите невистини на интернет порталите.
Изразуваме сочуство до фамилијата на девојчето и се надеваме дека нема повеќе да има вакви немили настани.

Менаџмент на Олимписки Базен Битола, напишаа на својот Фејбук профил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.