Имунитет

Како и за се’, после сите плачки кој добил кој изгубил, намалениот општ „рам“ кај публикумот, акутната уртикарија на име, презиме, избори, свој кандидат, ги губи правпопропорционално со новите вести како што се штанцаат.

И натаму неможноста за било каков активизам нема ниту може ниту ќе помогне, едноставно сега цел народ е сведен на ниво на Рипката Немо – 3 дена трае секоја реа – и толку. Ако има војна таа може да трае само три дена и толку, после ќе заборават дека постои или зошто се борат. Но сево е ова потребно, не можеш да развиеш одбранбен механизам ако не одболедуваш, ако не качиш температура и произведеш доволен број на отпорни клетки и онкави џинџириминџири кои треба да те штитат во иднина. Нашиот одбранбен механизам не беше во наше тело, порано беше во Софија, па во Белград и Москва денес во Брисел и Вашингтон … ама никогаш во својата престолнина.

И така, ем невакцинирани, ем со непрележани болести губиме на сите фронтови. Кога губиш урлаш на „Фејсбук“ и „Твитер“, на терен мораш да играш со победникот, бил фер или не. Отпор? Чекаме, да видиме дали телото е навистина толку болно да ќе произведе антитела или ќе умре. Ние пак чекаме странска донација на антибиотици. Сори, така нема да не биде, дефинитивно.

Но велам, така мора да биде.

Колку повеќе урлање на социјалните мрежи – толку помалку ефективност во реален живот. Нема тема која релано има суштинско значење, а да не добила иљадници лајкови од популарни фаци, медиумски, новинарски и ли политички, но во реалноста – ништо! И пак не научивте? Јас одамна, сватив, но кога велев, едноставоно риплајот беше јанкосвињадебела. Јас сум пометен од вас? Не! Знам нешто што вие не знаете? Не! Пропрочки дар имам? Ма јок! Па како? Од вас научив, ама вие не можете ни самите од себе да соберете деден плус еден.

Лекција

Го читам Русјаков, конечно издиша, се предаде и се повлекува од неговата борба за спас на Македонија со неговите пишувања и повици за акција. Донциш, пријателе, Трендо тоа го направи после референдумот за територијална поделба. Многу поинтелигенетен од просекот, Трендо после резултатите ја напиша последната колумна за Фокус и кажа тенк ју енд фак ју, и престана да си троши бели прсти и црни фонтови на залудно свестување на маса која сака да аплаудира, ама од столица да не стане. Јас пак таа лекција ја научив кога беше приватизацијата на Телеком. Кога беше јасно дека е неминовна и дека тоа ќе значи раст на цените на телефонските услуги кај мене во емисија се јавија илјадници незадоволни и неколку илјади смс пораки кои изразуваа незадоволство, повик на протест и радикализација. Емисјата траеше до скоро два часот по полноќ (преку 4 часа) и следниот каде народот сами меѓу себе со многу чемер и гнев се повикуваа на протест. Секој се согласи и вети. Утредента испратив камера да снима. Само од јавувања кај мене на поедници требаше да има барем 2.000.

Антиклимакс

Пред она бетонска огавност од зграда на Телеком се собраа, ни помалку ни повеќе 9 пензионери! ДЕВЕТ! Седнати на скаличките, околу нив поише новинари и камери одошто протестирачи, дојде келнер со кафиња кој го испрати Телеком и сите до еден си го исркаа со мерак понуденото кафе. Ниеден не одби од принцип или протест, барем заради висок притисок. Сепак, барем дојдоа…

Се изживљавав со повици деновите потоа… каде сте, где сте мишеви… никој… и така. Ми стана јасно, нема да има рекација и делување, немаме таков импулс, нема таков механизам. Тој го покажа само еднаш – 2001 кога при акцијата во Арачиново се собраа пред Собрание, кога сестра Љуба беше клекната зад Латас цвиелеше и молеше да биде спасен. Инстиктот за самоодржување не е допрен, денес, со сите промени кои дојдоа енергијата се канализира преку социјални мрежи. Кога еден ден закони, премиреи и претседатели ќе се бираат преку „Фејссбук“ и „Твитер“, тогаш ќе станеме фактор, дотогаш вашите запомагања одат во вакум без ефект освен што си олеснувате на совеста. За жал реагираме само на партиски повик а не на повик на здравиот разум – крај!

Јасно ми е и очигледно дека ќе има уште многу потреси и сите ќе бидат со слична рекација. Јас лично не очекувам ништо од никого, не би требало ни вие. Делување ќе има само од позиција на јасна безбедност по личниот комодитет и никако поинаку.

Но, така треба да биде … засега

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.