14.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

Инат

Писаниево нема ама баш никиква политичко партиска врска, напротив, се работи за некакво лично искуство кое, најверојатно, нема ама никаква корист ако било кој го прочита, или..??? Најмалку име, презиме, сунет, крштеница, партии, мијалковци, бранковци, ВМРО, СДСМ и рестован компир со црвен кромид. Пишанкава е лично искуство и внатрешна интимна револуција на инатот. Не, не станав геј …. а нудиш?

Откако водам засебен живот и семејство, една од неизбежните маки и патњи на битисувањето е е*авањето со мајстори. Сите знаете и сте доживеале мобинг, лоша услуга, заебанција од нивна страна, но не смеете да писнете. Никој не смее да писне и да им замери затоа што самите знаеме дека ниту знаеме, а ниту можеме да го решиме проблемот низ дома кога ќе се пoјават. Ме бива за многу работи, да сменам сијалица, бушон, чешма, изолирам жица, ставам штекер, сменам гумичка на чешма, па и туш батерија. Кога пак е во прашање бојлер, негово расипување и поправка на иститот, е тоа е веќе мистерија на тутанкамоновата пирамида. Отворањето на бојлер е еден мистичен, тежок, траорен процес кој поради својата тешка мистетиозност се случува зад затворени врати на купатилото, со легени вода и купови мокри пешкири како при раѓање на розмароното бебе.

Кога ќе најдеш мастор за дома, водоводџија, не се тресеш дали е добар или не, туку дали воопшто ќе ти дојде и ти се појави на врата „воопшто“!!! Сите они ко да работат во Блек Чејен Маунтајн каде со старгејтот истражуваат мистерии на нови галаксии и ако најде 12 минути можеби и ќе се појави. А, ти среќен услугата од 500 денари ја преплатуваш и дупло за да се сети на тебе кога ќе имаш потреба пак, за да има поголеми шанси да дојде оти за последното ти се појавил после само 3-4 телефонски повици и две недели чекање…

„Ми пукна цевката, мајсторе, тече, те молам дојди! …“

„Мммда , ќе дојдам, другата недела, сега е празник, 29 ноември“

„Ама тој не се слави….“ Тииит тиииит тиииит

После три мајстори-водоводџии кои имаа вонредно трудничко тригодишно боловање на кои за да им бидам во милост им идев на имендени, слави, родендени, не само на нив и целата фамилија туку другарував и со нивниот мајстор за коли и подарував и ламели само да останат ангажирани кај мене. Налетав на едно дуо водоводџии – дуо Бакара ала Станлио и Олио, кои ме благосиљаа со фактот дека мојот прадедо се родил во Битуше, а он бил од таму, па со тоа јас сум во неговата масонска ложа и собрат. Ај, никад бил таму ниту роднини имам таму,  но знам дека е прекрасно место и прифатив со радост, ма да ми кажеше дека е од Анадолија и фес ќе ставев и Јонуз ќе се прекрстев.

Ми цркна бојлерот. Го молам со денови да дојде, ми вика утре празник, задутре идам на село, прекутре можеби ќе дојдам, ќе ти се јавам наредниот ден,… нормално ниту дојдоа, ниту се јавија и полека мене ми пука филмот, а верувајте, кога се мајстори во прашање толерирам како кога жена ми ќе ми каже среде февруари на минус 12 ќе ми каже од кацата со туршија на балкон да и извадам само карфиол, а таа е најдоле, акацата длабока метро. Брцаш- ќутиш, вадиш и модро кисeло се смешкаш. Му вртам телефон ми одговара со глас како да абер нема кој е … Му викам како си? Добро!?!? – Да ве поздравам. – Фала. Сакав…Да? – Само да ве поздравам … и со огромна доза на накурченост ми спушта иако знае дека им повик од мене, знае дека цела нела немам бојлер, и иако го плаќам не е проблемот што сум и кој сум, едноставно таков им е стилот- да се курчи ….

За сушта спортивност имам мајстор електричар од Бога пратен ама во секој поглед, и мајсторлук и личност и се’… Ми вика, Јане, препаметен си, можеш сам да го исчистиш .. Ама… Не ама, фокусирај се не е тешко, верувај во себе…

Како Кунта Кинте надував трицепси, бицепси и остали цепси, искинав менталните ланци и застанав пред мистериозната пирамида со крстач и клуч 12-ка

Шорт стори – лонг, ми прекипе, земав сам да го поправам оти прегреваше и знаев дека има внатре бигор да изградам спрат од куќа.

Со молитва ама и малку самодоверба оти електричарот ми рече и ова – не се плаши, ако заглавиш, не можеш полошо да направиш – ќе дојдам ќе ти помогнам, што малку ми набилда селфконфиденс.

Го отовторив ко на бокс, брцнав рака и сум му направил невиџена киретажа. Околу 2 кг песок извадив и вратив све на место – И ФУНКЦИОНИРА!!!!!! ГО ПОПРАВИВ, САМ ЈАС!!! МИО СТУПИДО – НОУ МОР!

Знам како се осеќале востаниците кога прогласиле Крушевска Република, прогласот на Асном, слобода, фридом, Америка и Енглеска биче земља пролетерска. Ги изгушкав сите у близина, комшиите не оти се куртони и одселени, а убавите комшики малку подалеку.

Зошто бре чекав 30 г  на ова? Зошто не земав сам во свои раце? Зошто толку игноранс и фрлени пари? Ни комоција, ни раат не сум си купил. Само омаловажување и нерви. Не дека утре нема да имаш контакт со фелата им нивна, туку да се осмелиш, ду ит јорселф, бидеејќи ако го видиш ниту има факултет ниту образование, за култура не е ни важно, но знае трикчиња. Трикчиња? Па секој можее да научи. Ама некако сакаме да глумиме принцези, се вадиме да не сме заебеле, да не сме згрешеле …

Имама у куќа уште еден бојлер. После прогласувањево на САО Слободна Бојлерска Територија му се јавувам, сега јас со самодоверба и одма осеќа… Повелете г-дине Илковски – Ќе ми чистиш другиот бојлер или не …? Ако не, тенкју енд фак ју, ако да, ќе те платам и ќе пиеме виски, кажи … и му спуштив… Телефонот сега ѕвони, јас цуцам виски џони црна етикета, а жена ми у скут и ме прашува дали ќе одговорам. И викам иди истуширај се .. доаѓам … Мачо, мачо меееен

Автор: Јанко Илковски за НетПрес

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.