(ФОТО) Инцидент на полициски хеликоптер на скопскиот аеродром

Хеликоптер на Министеството за внатрешни работи се превртел во понеделникот околу 11 часот на пистата на скопскиот аеродром, причината за инцидентот, според МВР веројатно е силниот ветер при слетувањето, а НетПрес дојде до екслузивни фотографии од инцидентот

Екипажот на леталото е во добра состојба, но според првичните сознание еден од пилотите е полесно повреден.

„Хеликоптерот претходно бил на лет во рамки на тренажен процес, односно за обука на екипажот. По слетувањето на платформа во аеродромскиот дел, хеликоптерот се превртел на пистата. На лице место увид вршат припадници на полицијата, а истрагата ја води комисијата за испитување на сериозни воздухопловни инциденти“, велат извори од МВР