Индексите потонаа поради размената на закани меѓу САД и Северна Кореја

Водечките европски и американски берзански иднески паднаа во четвтокот, а американскиот S&P 500 го забележа најголемиот дневен пад во последните речиси три месеца, бидејќи вложувачите го повлекуваат капиталот од ризичните имоти како одговор на агресивните размени на закани меѓу САД и Северна Кореја, а притоа најголемиот данок го платија технолошките акции.

На европските берзи индексите остро потонаа, допирајќи ги најниските нивоа во последните четири седмици. Лондонскиот Ftse беше во загуба од 1,45 отсто, завршувајќи го трговскиот ден на 7.389 поени, франкфуртскиот DAX падна за 1,15 проценти, на 12.014 поени, а парискиот CAC се лизна за 0,5 отсто, на 5.115 индексни поени.

Њујоршкиот Dow Jones индекс се спушти за 0,93 отсто, на 21.844 поени, индексот S&P 500 падна за 1,45 отсто, нa 2.438 поени, додека технолошкиот индекс Nasdaq беше во загуба од 2,13 отсто, на 6.216 индексни поени.

На Волстрит загубите се продлабочија по новите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп. Далеку од ублажувањето на тонот, откако во вторникот рече дека секоја закана од Северна Кореја ќе биде „дочекана со оган и гнев какви што светот досега не видел“, Трамп во четвртокот рече дека тие изјави можеби не биле доволно цврсти.

Изјавите на Трамп се во врска со соопштенијата од Северна Кореја дека ги довршува плановите и оти кој средината на август ќе биде подготвена за истрелување на четири балистички ракети од среден од долг дострел преку Јапонија во близина на американската пацифичка територија Гуам, на којашто е стационирана американската воздухопловна база.

Тоа вложувачите ги прави нервозни. И рекордното ниво коешто индексот S&P 500 го достигна на 7 август, веројатно ја зголеми нивната нервоза. Последен пат инексот S&P 500 потона за повеќе од 1 отсто на 17 мај, и сега е на пат да го оствари најголемиот седмичен пад од американските претседателски избори на 8 ноември 2016 година.

„Кога инвеститорите се екстремно оптимистични тоа значи дека повеќето пари веќе се на пазарот и дека нема нови пари кои би се слеале“, смета во анкетата на Reuters Брус Битлс, стратег во инвестициското друштво „Robert W. Baird & Co.“

Технолошкиот сектор се најде на најголем удар на продажбите при што технолошкиот индекс .SPLRCT потона во четвртокот за 2,2 отсто. Овој индекс од почетокот на годината ги предводеше добитниците, па оттаму е и најмногу ранлив кога ќе започнат распродажбите.

Инвеститорите се свртуваат кон посигурните вредности кои важат како посигурни прибежишта за капиалот во несигурни времиња, како што е во прв ред златото чијашто цена достигна највисок ниво во последните два месеца.

Околу 7,5 милијарди акции ги променија сопствениците во четвртокот, што е значително над просекот во последните 20 трговски дена од 6,25 милијарди акции.