Индискaта корпорација „Agnikul Cosmos“ во четвртокот ја лансираше својата прва ракета, единствената индиска ракета на ракетен погон на гас и течно гориво и втора во историјата развиена од приватна компанија.
Лансирањето на ракетата „Agnibaan“ беше откажано четири пати во последните два месеца поради технички тешкотии. Последното откажување беше во вторникот, кога лансирањето беше напуштено на само пет секунди пред почетокот.
Ракетата може да поносе до 300 килограми товар на височина од 700 километри. Во четвртокот прелетала до осум илјади метри пред да падне во океанот. Компанијата објави дека со тоа се исполнети сите цели на контролираното вертикално искачување.
Паван К. Гоенка, шеф на индиската агенција за следење на вселенските патувања (IN-SPACе), лансирањето го нарече „историски момент“. Индиската вселенска асоцијација (IspA) соопшти дека лансирањето ќе ја „зајакне довербата на светот“ во индискиот приватен сектор за вселенски патувања.
Индискиот премиер Нарендра Моди се залага за приватизација и комерцијализација на секторот во последните неколку години. Првата индиска ракета развиена од приватна компанија беше лансирана во 2022 година. Компанијата „Agnikul Cosmos“, чиешто име доаѓа од зборот за оган, е основана во 2017 година.