Индија ја мина Британија, стана четвертата најпогодена земја од коронавирусот

Индија ја мина Велика Британија според бројот на заразените со новиот коронавирус и стана четвртата најпогодена земја во светот, покажуваат податоците објавени во петокот од тамошното министерство за здравство.

Според овие податоци, во Индија има 295.772 заразени. Земјата, којашто е во фазата на постепено отворање по долгата изолација, забележала ескппоненцијален раст на заразата минатата седмица. Во четвртокот беше известено за рекордни 9.996 новозаразени.

Земјата во која живеат 1,3 милијарди луѓе има релативно ниска стапка на смртност од Covid-19. Министерството за здравство досега потврди 8.498 смртни исходи.

Индија се според потврдените сличаи е зад САД, каде што има повеќе од два милиона заразени, и зад Бразил и Русија, кои имаат над половина милион случаи.

Но експертите предвидуваат дека бројот на случаите во Индија значително ќе порасне следните неколку месеци, бидејќи земјата започна со отворање на јавните службим компаниите, верските локации и трговските центри.

Засега случаите на зараза се концентрирани во големите градови, но големата миграција на работниците во руралните области по воведувањет на рестриктивните мерки кога милиони ја загубија работата, предизвикува загриженост дека може да дојде до ширење на вирусот во овие области кои имаат извонредно лоша или никаква здравствена инфраструктура.