Индија и Кина меѓусебно се обвинуваат за нови инциденти на границата

Индија и Кина повторно меѓусебно се обвинуваат за пукање во воздух во нов конфликт на границата, во уште една ескалација на воените тензии меѓу двете нуклеарни сили.

Стотици кинески и идниски војници во непосредна близина се распоредени по должината на границата по судирот во кој биле користени стапови и камења во јуни кога Индија пријави 20 загинати војници. Двете страни го почитувале протоколот за избегнување користење огнено оружје на чувствителната и нејасна граница, но и покрај тоа имало жртви, но Кина по овој инцидент воопшто не сооопшти за евентуално настрадани на своја страна.

„Војниците на Нарооднослободителна армија на Кина се обидоа во понеделникот вечерта да им се приближат на индиските војници на Линијата на вистинска контрола“, која де-факто е границата во регионот Ладак, соопшти индиската армија во вторникот.

„Кога индиските војници ги одвратиле, војниците на Народноослободителната армија на Кина испукале неколку истрели во воздух во обид да ги заплашат сопствените сили. Во ниеден момент индиската војска не ја мина Линијата на вистинска контрола, ниту користела некакви агресивни средства“, наведува индиската армија и додава дека нејзините сили биле воздржани.

Кина, од друга страна, ја обвинува Индија дека најзините војници нелегално ја минале неформалната гранична линија преку јужниот брег на езерото Пангонг, каде тензиите се засилуваат повеќе од една седмица, како и дека индиските војници пукале први.

„Индиските војници дрско пукаа од огнено оружје пред кинеските граничари кои им се приближиле поради преговори, а граничарите тогаш биле присилени да преземат противмерки за да ја стабилизираат ситуацијата“, изјави Жанг Шуили, портпарол на командата на кинеската армија.

Воените команданти и дипломатите од двете земји одржаа неколку рунди преговори од јули, со цел да ги намалат тензиите но без поголем напредок.

Индија и Кина поради спорната граница војуваа во 1962 година и двете земји тврдат дека имаат суверенитет врз илјадници квадратни километри територија која е протега од пустината Ладак на западот до шумите на планинските висорамнини на истокот.