Индија издаде ново предупредување од поплави, над илјада мртви

Индиските власти во неделата издаде ново предупредување за можни поплави во северните делови од држават, откако ширум земјата поради монсунските дождови досега животите ги загубија повеќе од илјада луѓе.

Сезоната на монсунските дождови во Индија трае од јуни до септември и носи силни дождови кои се важни за земјоделието, но предизвикуваат огромни штети и страдања.

Според податоците на федералното министерство за внатрешни работи, но несреќите предивизкани од силните дождови, во деветте најпогодени сојузни држави од јуни до 15-ти август загинале 1.058 лица. Повеќе од 18 милиони луѓе се зафатени од поплавите ширум земјата.

Во западната сојузна држава Махараштра регистриран е најголемиот број смртни случаи – 245. Повеќето од смртните случаи се предизвикани од давења, уривање на згради и свлечишта. Некои од жртвртот настрадале и од струјни удари и бројни каснувања од змии, соопштија властите.

Властите во северните планински сојузни држави Химашал-Прадеш, Раџастан и Пенџаб во неделата издадоа ново предупредупредување од поплави. Во овие држави во последните 48 часа регистрирани се силни дождови, а метеоролошкиот завод предвидува дека дождовите ќе продолжат и во текот на следните два дена. Поради свлечиштата блокирани се неколку патни правци во Прадеш, вклучително и важен автопат.

Вишокот вода кој се испушта во реките од браните во Химашал-Прадеш би можело да ги поплави пониските области во оваа дрќава, како и во соседниот Пенџаб, изјавил локалните власти. Единаесет покраини во државата Раџастан, кои се инаку често погодувани од супи, апсорбирале повеќе од просечното колочество дожд за оваа сезона, поради што поплавени се неколку реки и канали, пренесува телевизијата NDTV.