Индија нов светски епицентар на коронавирусот

Индија во последните 24 часа регистрирала 78.357 нови случаи со коронавирус. Со ова вкупниот број на заразени лица во земјата изнесува над 3,7 милиони, додека владата ги ублажува ограничувањата наметнати поради пандемијата.

Индија, земја со 1,4 милијарди жители, брзо станува светски епицентар на коронавирусот. Во последните три недели земјата објави најголем број на новозаразени на дневна основа, а со сегашното темпо најверојатно наскоро ќе биде пред Бразил и САД во однос на вкупниот број на заразени.

Министерството за здравство денеска соопшти дека 1.045 лица починале како резултат на коронавирус во изминатите 24 часа, што е вкупно 66.333 од избувнувањето на пандемијата.

Според податоците на Универзитетот Џон Хопкинс, Индија е трета земја во светот според бројот на смртни случаи.

Инфекциите брзо се шират од луѓето во големите градови на Индија во помалите градови и руралните области.

Индија во моментов прави 100.000 тестови на ден, но експертите велат дека тоа не е доволно, сепак има 32.000 на милион, што е помалку од она што се прави во САД, земјата со најмногу заразени лица.

Индискиот медицински истражувачки совет денес објави дека земјата спроведе скоро 44 милиони тестови за вирусот од почетокот на пандемијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.