Индија планира строги правила за американските социјални мрежи

26

Индиската влада се подготвува да наметне строги правила за американските социјални мрежи, обвинувајќи ги за пристрасност во постапувањата со спорни содржини.

Конфронтирањето на индиската влада со Twitter и со Facebook продолжува со сатувањето на сила на тримесечните нови правила коишто ги обврзуваат социјалните мрежи, онлјан стримингот и дигиталните вести во рок од 24 часа да ги повлечат сите содржини коишто ги тужел некој поединец или организација. Социјалните мрежи, исто така, мора да го откријата потеклото на „злонамерниот твир или порака“, доколку тоа индиски суд или валдата го бараат.

Бранејќи ја оваа мерка, министерот за ифнорматички технологии Рави Шанкар Прасад потсети дека Twitter одби да ги повлече пораките за насилните протести на земјоделците во Њу Делхи во јануари, додека оваа мрежа постапила поинаку и ги избришала објавите и целите профили на приврзаниците на поранешниот претедател Доналд Трамп двесет дена претходно во текот на протестите ширум САД и во Вашингот кога имаше упад во американскиот Конгрес.

„Кога беше нападнат американскиот Конгрес, социјалните мрежи ја поддржаа полициската акција. Но во текот на насилниот напад на Лал Гила во Делхи, имавте сосема поинакви мерила“, изјави министерот Прасад нарекувајќи ја ваквата политика на социјалните мрежи „непридатлива“.

На индискиот национален празник на 26-ти јануари протестите против реформите во земјоделието прераснаа во бунт во целата индиската престолнина, а земјоделците ја нападаа Лал Кигал, симболот на независноста на Индија. Хиндуистичката националистичка влада тогаш му нареди на Twitter да избрише стотици профили и објави со поддршка на демонстрантите. Twitter трајно отстрани само неколку профили и привремено блокираше други.

Индија е критикувана затоа што често го ограничува пристапот до интернер, за да ограничи размена на информации во текот на безредија. На светската листа на слободата на медиумите кои ја прави меѓународната организација Новинари без граници (Reporters sans frontières – RSF), Индија е на 142-то место од 180 земји.

 

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.