Индија потврди за различните ставови во Г20 за војната во Украина

Нема заеднички став меѓу членките на групата Г20 за војната во Украина, се наведува во документот што во саботата го објави индиското Министерство за финансии по состанокот на министрите за финансии и челниците на централните банки на дваесетте најразвиени економии и најголемите пазари во формирање.

„Од февруари 2022 година сведоци сме и како војната во Украина дополнително влијае врз глобалната економија (…) Повеќето членки силно ја осудија војната и истакнаа дека таа предизвикува големи човечки страдања и ги влошува постојните ранливост во глобалната економија. Имаше различни ставови и различни оцени за ситуацијата и санкциите“, објави министерството за финансии на Индија, но овој дел во финалниот документ не е прифатен поради реакциите на руските и кинеските претставници.

којашто се наоѓа под притисок да ја осуди руската инвазија во Украина но изминатата година Њу Делхи се воздржува и со Русија склучи договори за купување руски енергенси по пониски цени.

Според индиската страна, во документот се истакнува недозволивоста на употребата или заканите со употреба на нуклеарно оружје.

„Мирното решавање на конфликтите, напорите за надминување на кризите, како и дипломатијата и дијалогот се од животно значење. Денешната ера не смее да биде воена“, се додава во текстот објавен од индиското министерство.

Се додава и дека Г-20 не е местото за решавање на безбедносните прашања, но дека тие „може да имаат значителни последици за глобалната економија“.

Малку подоцна руската агенција ТАСС објави дека на состанокот на Г20 во Банглор министрите за финансии и шефовите на централните банки на земјите членки усвоиле заедничка изјава, од кои по инсистирање на делегациите на Русија и Кина биле исклучени точките со кои се осудува руската инвазија во Украина.

„Сите министри за финансии на Г20 и челниците на централните банки се согласија со ставовите 1, 2 и с ставовите од 5 до 17 заедно со амандманите 1 и 2“, се вели во цитираната изјава.

Ставовите од точките 3 и 4 се однесувале на осудата на воените операции на Русија во Украина, но со нив не се согласила претставниците на Русија и на Кина.

„Точките 3 и 4 од документот се адаптирани од декларацијата на челниците на Г20 на Бали кои се одржа на 15-ти и 16-ти ноември 2022 година, беа договорите со сите земји членки, со исклучок на Русија и Кина“, се додава во заедничката изјава.

Во сегментот кој се однесува на војната во Украина, посебно се забележува дека шефовите на министерствата за финансии и на централните банки на земјите во Г20 „изразуваат најрешително жалење“ во врска со постапките на Русија во Украина. Дополнително, во неприфатените одредби во крајниот документ се наведува дека „мнозинството од членките (на Г20) остро ги осудуваат“ руските воени операции во соседната земја.