Индија разгледува итна авторизација на вакцина за Covid-19

Индија во неделата објави дека разгледува можност итно да одобри вакцина против Covid-19, особено за повозрасните граѓани и оние на ризичните работни места, во периодот додека оваа азиска земја надмина повеќе од 4,75 милиони заразени.

Индија од почеткот на септември има најмалку илјада нови смртни случаи од Covid-19 на дневно ниво, а севкупно досега починале околу 78.000 луѓе. Со тоа втората најнаселена земја во светот е најпогодената држава во светот по САД, но од средината на август поголем бројот на нови случаи.

„Индија разгледува вонредна авторизација на вакцината против Covid-19. Доколку се постигне консензус ќе го спроведеме тоа, посебно кај случаите на постарите граѓани или оние на висикоризичните работни места“, објави индискиот министер за здравство Харш Вардан.

Вардан изјави дека со вонредното одобрување би се скратила третата фаза од тестирањето на вакцината, но дека таа ќе биде достапна дури откако владата ќе биде уверена дека таа е безбедна и ефикасна. Додаде и дека сѐ уште не е одреден датумот за пуштање на вакцината, но дека резултатите од тестирањата би требало да бидат јасни во првиот квартал од 2021 година.

„Владата неодамна основа експертска група за вакцината за да ги истражи различните прашања поврзани со вакцинирањето на ранливите попуалиции“, додаде индискиот министер за здравство откако неговата земја во неделата соопшти за нови 95.000 случаи на заразата и уште 1.114 починати.