Индија до 2020 година ќе добие С-400

Русија и Индија денеска потпишаа договор за испорака на рускиот ракетен систем С-400 во Индија.

Договорот е постигнат на маргините на посетата на претседателот Владимир Путин на Индија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објави Тас.

Во пресрет на посетата на Путин во Индија, советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков рече дека договорот ќе биде вреден повеќе од пет милијарди долари, пишува Ројтерс.

Руската агенција вели дека Ушаков им изјавил на новинарите дека резултатот од договорот е дека Индија ќе има модерен систем за воздушна одбрана кој ги надминува параметрите на другите земји со слични системи.

Испораката на пет напредни ракетни системи ќе започне во октомври 2020 година.

Индија и Русија потпишаа и договор за шест проекти за изградба на нуклеарна централа.