Индија ги ублажи ограничувањата во Кашмир поради молитвите

30

Ограничувањата воведени со полицискиот час во мнозинскиот муслимански автономен индиски регион Џаму-и-Кашмир привремено во петокот се ублажени поради редовната петочна молитва, по четирите денови целосна изолација, соопштија функционери.

Делумно во функција се вратени телефонските услуги и интернетот, пренесе индиската телевизија NDTV.

Полицијата соопшти дека ги следи реакциите во Шринагар и пошироко, и дека ќе ги разгледа натамошните мерки, доколку ситуацијата остане мирна. Премиерот Нарендра Моди рекле во четвртокот дека владата ќе настојува да им овозможи на муслиманите во понеделник да може да го славата Курбан-бајрам.

„На луѓето во Шринагар и околината им беше дозволено да одат во локалните џамии на молитви“, објави полицијата.

Њу Делхи во понеделникот ја укине автономијата на Кашмар и воведе строги безбедносни мерки. Распоредени се илјадници војници и стотина локални активисти се уапсени.

Локалните медиуми пренесуваат дека помали групи верници се собрале во џамиите во регионот, но не и во главната градска џамија, каде што вообичаено ги има со илјадници. Младите демонстранти на неколку места во градот ги гаѓале безбедносните сили со камења. Но немало поголеми насилства.

„Преовладуваат мирот и нормалната ситуација. Немаше никакви насилни инциденти. Снабдувањето со храна не трпи, болниците работат нормално“, изјави портпаролот на индиското министерство за надворешни работи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.