Индија го забранува „талак“ разводот кај муслиманите

Индиската Влада денеска предложи закон со кој ќе се забрани опцијата за итен развод, која досега можеа да ја користат мажите од муслиманската заедница.

Таканаречениот „талак“ обичај предвидува дека бракот може да се раскине на самото место, доколку мажот трипати го изговори зборот „талак“. Овој стар обичај, со развојот на технологијата, почнал да важи и во случајот кога мажот ќе го испише овој збор на хартија или ќе го испрати по електронска порака до сопругата. Но, првин судовите во Индија, а сега и Владата, решија дека се работи за пракса која ги крши правата на жените.

Се смета дека повеќето од 170-ите милиони сунитски муслимани во Индија досега го прифаќале овој обичај за важечки и со законска сила.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.