Индија воведува нови царини на увозот од САД

Индија воведе царини на увозот на 28 американски производи, вклучително и бадемите и јаболката, пренесуваа британските медиуми во понеделникот.

Во јуни минатата 2018 година Индија најави воведување царини на американскиот увоз воп висина и до 120 отсто, но нивното стапување на сила беше одложено до завршувањето на преговорите. Во неделата индиската влада конечно ги воведе царините, во износ и до 70 отсто на одредени производи, имајќи предвид дека Вашингтон беше упорен во одлуката да ги зголеми цените на увозот на челик и алуминиум од Индија.

Во соопштението објавено во петокот, индиското министерство за финансии истакна дека нивната одлука е донесена во „јавен интерес“. На почетокот од јуни, американскиот претседател Доналд Трамп најави и дека на Индија ќе ѝ го одземе статусот повластен трговски партнер на САД.

Американско-индиската билатерална трговија во 2018 година изнесувала 142 милијарди американски долари и била седум пати поголем отколку во 2011 година, покажуваат податоците на САД. Доколку Индија го загуби статусот на повластен трговски партнер, царините би го опфатиле индискиот извоз во САД во вредност од 5,6 милијарди долари, во моментов ослободени од тие намети.

Тоа би претставувал најновиот во низата потези на администрацијата на Трамп која сака да го исправи она што го смета нечесни трговски односи со други земји. Тензиите меѓу двете земји оттогаш се заоструваат. Минатата година Индија на зголемувањето на американските царини на увозот на алуминиум и челик за најмалку 10 односно 25 отсто, возврати со подигнувањето на увозноте царини на низа американски производи.

Американската влада, исто така, се закани и со економски санкции, доколку Индија продолжи да купува нафта од Иран и доколку, како и Турција, ја реализира набавката на руските проттивоздушно системи С-400. Индија и Русија, инаку, имаат големи договори во сферата на набавка на вооружување, во прв ред борбени хеликоптери и авиони.

Индискиот министер за надворешни работи Субрахманјам Џаишанкар би требало седмицата да се сретне со американскиот колега Мајк Помпео на маргинтите од самитот на Г20 во Јапонија. Се очекува дека притоа ќе разговараат и американскиот претседател Доналд Трамп и индискиот премиер Нарендра Моди.

Моди, пак, четвртокот во Бишкек во рамјките на самитот на регионалните земји, му предложи на рускиот претседател Владимир Путин на маргините од самитот на Г20 подоцна во јуни во јапонскиот град Осака, да се држи и тристрана средба во форматот Русија – Индија – Кина.