Индијана без шанси против Голден Стејт

Индија Пејсерс немаа никакви шанси изминатата ноќ против Голден Стејт Вориорс кои во Индијанаполис ги надиграа со високите 132:100л

Вориотс ги предводеше Стеф Кари со 26 кошеви, од кои дури 23 постигна во првото полувреме. ДеМаркус Кузинс додаде 22 коша а Варуотс, а Кеври Дурент и Клеј Томпсон по 16 поени. Најдобар кај Индијана бепе Мајлс Тарнер со 16 кошеви.

Њујорк Никс беа поразени од домашните Шарлот Хорнетс со 92:101. Тони Паркер и Џереми Ламб ја предводеа победничката екипа со по 15 поени. Кевин Нокс, пак, беше најдобар стрелец кај Никс со 19 поени.

Хорнетс имаа заостанување од осум кошеви во третата четвртина, но тогаш благодарејќи на серијата од 14:0 од почетокот на последната делница ја преземаа контролата над мечот. Потоа дојдоа до преднсота 14 поени и водството не го испуштаа до крајот.

Денвер Нагетс на гости со 95:92 ги совладаат Мемфис Гризлис, а Никола Јокиќ за победата постигна 24 коша, вклучително и победничкиот на 28,9 секунди пред крајот. Вил Бартон дада 20 кошеви, а Малик Бизли 18 од кои 13 во последната четвртија во која заостанувањето на Денвер изнесуваше и 19 кошеви. На полувремето Нагетс исто така имаа заостанување од 19 поени, 17 по третата четвртина и 13 на четири и пол минути пред крајот, но тогаш ги надиграа Гризлис со 23:7 за третата последователна победа. Марк Гасол беше најдобар поединец кај Мемфис со 28 кошеви и девет скокови.

Бостон Селтикс со 112:104 беа подобри од Бруклин Нетс, а Џејлен Браун и Маркус Смарт постигнаа секој по 21 кош за победата на домашната екипа.

Атланта Хоукс со 123:118 ги победија Лос Анџелес Клиперс, предводени од Три Јанг со 26 поени.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.