Индијана и Орландо ги изненадија Сан Антонио и Бостон

Кошаркарите на Индијана Пејсер и Орландо Меџикс остварија изненадувачки гостинска победи во натпреварите одиграни ноќта кон понеделникот, Пејсерс ги совладаа Сан Антониот Спарс со 95:86, додека Меџикс ги надиграа Бостонс Селтикс со 103:95.

Индијана на десетина минути пред крајот на мечот во Сан Антонио имаше 17 поени предност, па ги издржа налетите на домашните кои на минута и пол до крајот се доближија на само 6 поени разлика (81:87).

Најзаслужен за новата победа на Пејсерс беше Виктор Одалипо со 19 кошови, Дарен Колисон додаде 14. Кај Спарс најефикасен беше Пол Гасол со 14 погодоци и 9 скокови, и Ламаркус Олдриџ со по 10 кошови и скокови.

Индијана со сооднос 25 победи и 22 порази во моментов е шеста во Источната конференција, додека Сан Антониот со скорот 30-18 е четврта екипа во Западната конференција.

Орландо го изненади Бостон со одлична игра во третата четвртина која ја доби со 32:12, и тоа главно со кошови постигнати од под самиот обрач. Во овие 12 минути гостите од Флорида постигнаа 26 поени од рекетот, а домашните само два. Елфрид Пејтон со 22 и Ивен Фурние со 19 поени беа најдобри во една од ретките победи на Меџикс оваа сезона, додека на Селтикс за прекинување на низата порази не им беа доволни ниту 40-те поени на Кајри Ирвинг.

Орландо со скор 14-32 и натаму е при дното на табелата, 14-ти е во Источната конференција, додека Бостон по третиот пораз во серија падна на соодносот 34:13, но и натаму е на врвот во Западната конференција.

Лос Анџелес Лејкерс ја остварија единствената победа на домашна екипа изминатата ноќ, совладувајќи ги Њујорк Никс со 127:107. Џордан Кларксон со 29 кошови и 10 асистенции и Џулиус Рендл со 27 поени и 12 скокови беа пресилни за госите кај кои Тим Хардавеј, Кристапс Порзингс и Мајкл Бизли постигнаа по 17 поени.

Со сооднос 17-29 Лејкерс се 11-та екипа во Западната конференција, Никс со 21-26 се на 10 место во Источната конференција.

Возбудлив беше мечот во Детроит каде што Бруклин Нетс ги совладаа домашните Пристон со 101:100 со кошот на Спенсер Динвиди на 0,9 секунди до крајот. Динвиди погоди тежок шут од четири метри преку двајца домашни кошаркари и така на најдобар начин ја крусина својата одлична ноќ, како најефикасен играч на Нетс со 22 поени. За Пистонс ова беше петтиот последователн пораз кој не успеа да го спречи ниту Тобиас Херис со 20 погодоци.

Пистонс сега паднаа на скор 22-23, и се на 9 место во Источната конференција, прва коајашто влегува во плеј-офот, додека Нетси со 18-29 се далеку од пласман во постсезоната, тие се на 12 место на Истокот.