Индијана испушти водство против Оклахома

Индијана Пејсерс изминатата ноќ беа поразени од Оклахома Сити Тандерс на гости со 99:107, и покрај тоа што второто полувреме го започнаа со солидна предност од 11 поени.

На почетокот од третата четвртина Пејсерс имаа предност од 11 коша, но Тандерс постигнаа 24 поени со ред и ја преземаа контролата над мечот. Бојан Богдановиќ во поразот на Индијана постигна 28 поени, додека Оклахома ја предводеше Пол Џорџ со 31 кош, а Расел Вестбрук впиша уште еден „трипл-дабл“ со 17 поени, 11 скокови и 12 асистенции.

Феникс Санс забележаа уште еден пораз, овојпат на домашен терен со 121:124 од Вашингтон Визардс на кои победата им ја донесе Томас Брајант со „тројка“ на 2,8 секунди пред крајот. На Феникс не му помогнаа ниту 50 кошеви на Девин Букер кој во побнеделникот против Јута Џез постигна 59 коша. Со тоа стана првиот кошаркар во историјата на Феникс кој на два последователни меча постигнал најмалку 50 поени, а со 22 години воедно е и најмладиот играч во НБА лигата на кој ова му успеало.

Голден Стејт Вориорс со 118:103 на гости ја совладаа екипата на Мемфис Гризлис, а Стеф Кари за победата постигна 28 коша, од кои шест „тројки“. Јонас Валанциинас постигна 27 кошеви и 13 скокови, а Бруно Кабоко со 17 коша и 13 скокови впишаат „дабл-дабл“ за Мемфис, на кој ова му е втор пора во последните седум натпревари.

Портланд Трејл Блејзерс со 118:98 ги надиграа Чикаго Булс, а Јута Џес со 115-100 беше подибра од Лос Анџелес Лејкерс.