Индијана поразена по три победи во низа, за Њујорк прва победа по шест порази

Шарлот Хорнетс со 127:109 славеа на својот паркет над Индијана Пејсерс, во меч во кој гостите по вторпат настапија без Виктор Одалипо и го доживеа првиот пораз по трите победи во серија.

Шарлот ја надигра Индијана во секоја од четврините и постепено го зголемуваше водството. По првата водеше со 35:30, по втората 68:60, по третата го зголеми водството на 105:84, а во последната делницаа Хорнетс имаа водство дури и од 26 кошеви.

Кај Хорнетс најефикасен беше Џереми Ламб со 21 кош, додека Кемба Вокер додаде 16 кошеви и 11 асисенции, додека кај Пејсер се истакна Бојан Богдановиќ со 20 поени за кои потроши малку шутеви, 3 скока и 4 асистенции.

Денвер Нагетс беа подобри на гости од Минесота Тимберволфс со 103:101. Џамал Мареј постигна 18 поени, вклучително и двете слободни фрлања на 6,8 секунди до крајот, за победата на Денвер. Пол Милсап, пак, беше најефиканскиот кај победниците со 25 кошеви. Минесота ја предводеше Карл-Ентони Тоунс со 22 кошеви и 7 скокови, а Дерик Роуз постигна 20 поени.

Њујорк Никс по шест порази постигнаа победа, и тоа со 117:109 ги совладаа Бостон Селтикс на нивен терен. Кајри Ирвинг со 22 коша беше најдобар стрелец на Бостон и на дуелот, а Тим Хардавеј со 21 поен ги предводеше Никс.

Лос Анџелес Лејкерс со 109:105 ги победија Кливленд Кавалирс, а Леброн Џејмс против својата поранешна екипа постигна 32 кошеви со 14 сковои и 7 асистенции. Кеди Осман беше најдобар во редовите на Кливленд со 21 кош, а поранешниот „лејкерс“ Џордан Кларкс додал 20 поени.

Чикаго Булс со 124:116 на домашен терен ги победија Феникс Санс. Зак Левин ги водеше Булси со 29 кошеви, додека кај Феникс најрасположен беше Девин Букер со 23 поени.

Оклахома Сити Тандерс со 123:05 беа подобри од Голден Стејт Вориорс, и тоа е четвртиот последователен пораз на актуелните шампиони, првпат откако ги води Стив Кер. Денис Шреден беше најдобар кај победниците со 32 коша, а Кевин Дурант и Клеј Томпсон со по 27 поени го водеа тимот на Голден Стејт.