Индијана сигурно оди кон плеј-офот

Изминатата ноќ во НБА лигата Индијана Пејсерс со победата над Денвер Нагетс го утврдија своето ново учество во доигрувањето во најсилната кошаркарска лига на светот.

Индијана Пејсер на домашен паркет со високи 124:88 ги надиграа Денвер Нагетс, а притоа најефикасен беше Бојан Богдановиќ за 26 минути минати на теренот постигна 35 коша со висок процент од 13 погодоци од 16 обиди или 81,3 отсто и 5 од 6 во обидите за „тројки“, со 6 скокови, 3 асистенции и една украдена топка.

Неговите соиграчи Мајлс Тарнер и Домантас Сабонис, пак, впишаа „дабл-дабл“ во победата со која Индијана се зацврсти на четвртото место во Источната конференција осум натпревари пред крајот на регуларниот дел од сезона. Тарнер постигна 17 поени со 11 скокови, а Сабонис 15 коша и 13 скокови.

Нагетс, пак, не успеја да ја остварат педесеттата победа сезонава и по овој нивен пораз Голден Стејт Вориорс ја заземаа водечката позиција во Западната конференција.

Во судирот на Лос Анџелес Клиперс и Њујор Никс во „Медисон Сквер Гарден“ со 124:113, славеше гостинската екипа којашто ја водеше Лу Вилијамс со 29 поени од кои 15 постигна во последната четвртина. Данило Галинари додаде 26 поени.

За Никс ова беше 60-от пораз оваа сезона и сега до крајот на регуланиот дел од сезоната од осум натптревари мора да добијат три за да го избегнат најлошиот сооднос меѓу победите и поразите во историјата на клубот од 17 наспроти 65 од 2014/2015 година.

Милвоки Бакс дома со 127:105 ги совладаа Кливленд Кавалирс, а до победата ги водеше Јанис Антетокунмпо со 26 поени и 10 скокови. Џорџ Хил и Крис Мидлтон постигнаа по 17 кошеви. Кевин Лав ги предводеше Кавалирс со 20 кошеви, од кои четири „тројки“, и 19 скокови.

Голден Стејт Вориорс во Окленд со 121:114 беа подобри од Детроит Пистонс што им донесе враќање на првото место во Западната конференција. Стеф Кари се врати на терените по паузата од еден меч и постигна 26 поени од кои пет „тројки“. Со овој пораз, пак, Детроит паднаа од шестото на седмото место во Источната конференција. Блејк Грифини во поразот на Пистонс беше најефикасен со 24 коша.

Хјустон Рокетс со 113:90 ги победија Њу Орлеанс Пеликанс и со обезбедија место во плеј-офот, а до победата ги предводеше Џејсм Харден со 28 коша. Харден се потврди како водечки стрелец во НБА со просек од 36,4 поени по натпревар.

Сан Антониот Спарс на гости 115:96 беа подобри од Бостон Селтикс, а најзалсужен за победата беше Ламаркус Олдриџ со 48 поени и 13 скокови.

Шарлот Хорнетс, исто така, на гости со 115:114 ги надиграа Торонто Репторс, а победата им ја донесе Џереме Ламб кој погоди „тројка“ со звукот на сирената.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.