Индијката Чхилар ја освои титулата „Мис на светот 2017“ (ФОТО)

Miss India Manushi Chhillar waves onstage after being crowned Miss World at the Miss World pageant in Sanya, Hainan province, China November 18, 2017. Picture taken November 18, 2017. CNS/Luo Yunfei via REUTERS ATTENTION EDITORS - THIS IMAGE WAS PROVIDED BY A THIRD PARTY. CHINA OUT. TPX IMAGES OF THE DAY - RC18B7C4C930

Ласкавата титула Мис на светот за 2017 година на натпреварот за избор на убавица кој се одржа во кинескиот град Санја, ѝ припадна на Индијката Мануши Чхилар, според одлуката на жирито на ова престижно глобално натпреварување донесена во саботата.

Дијадемата на победничката ѝ ја предаде победничката на изборот „Мис на светот 2016“, Порториканката Стефани Дел Вале. Второто место ѝ пропадна на Мексиканката Андреа Мезе, а третото на Британката Стефани Хил.

Финалниот дел од шоуто „Мис на светот 2017“ се состоеше од 15 делови. На почетокот во групен перформанс настапија претставничките на Азија, Африка, двете Америки и на крајот од Европа. Главната точка беше музичко-танцувачката точка „I Am A Woman“, на кој настапија голем број музичари од светот. Десеттата етапа започна со објавувањето на десетте кандидатки кои влегоа во најтесниот избор, од Велика Британија, Индонезија, Индија, Кенија, Мексико, Русија, Франција, Јамајка, Јужна Африка и Јужна Кореја, од кои во 13-та етапа останаа само пет: од Велика Британија, Индија, Кенија, Мексико и Франција, додека во 15-та беа објавени имињата на втората и на првата придружничка.

Манифестацијата „Мис на светот 2017“ се одржуваше на кинескиот остров Хаинан, познат како омилено летувалиште на елитата. Годинава беа пријавени модели од 118 земји на возраст од 18 до 26 години. Целта на настанот, како што велат организаторите, е демонстрација на внатрешната убавина во комбинација со надворешната женска хармонија и грациозност, како и промоција на принципите на толеранција и добротворни активности. Една од поважните цели на манифестацијата е развој на проекти за помош на децата како иднина на човештвото.

Ова годишно натпреварување се одржува од 1951 година кога го осмисли Британецот Ерик Морли заедно со неговата сопруга Џули. „Мис на светот 2017“ во Санја се одржа со поддршка на кинеската асоцијација „Нов пат на свилата“ која потпиша договор со британската страна за долгорочна соработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.