Индиски делегати на самитот на Г7 позитивни на Covid-19

Целата индиска делегација на самитот на седумте најразвиени земји во светот Г7 во Лондон се наоѓаат во самоизолација, откако нејзини двајца членови биле позитивни на коронавирусот, објави во средата британската влада.

„Двајца делегати беа позитивни, па сега целата делегација е во самоизолација. Состанокот е овозмоќен со строгата серија протоколи за Covid-19, вклучително и дневното тестирање на своите делегати“, изјавил за Reuters британски функционер.

Индискиот министер за надворешни работи Субранјам Џаишанкар не бил позитивен на тестот за коронавируот, напиша на Twitter новинарот на телевизијата Sky News, Џо Пајк.

Минисерот Џаишанкар во вторникот се сретна со британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, која потекнува од мигрантско индиско семејство од Уганда.

Индиската делегација ќе се обиде на состанокот да учествува виртуелно.

Индија не е членка на групацијата Г7, но Велика Британика, покрај Австралија, Јужноафриланската Република и Јужна Кореја, ги покани на самитот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.