Индиски полицајци тврдат дека стаорци им изеле 200 кгр канабис

Полицијата во Индија ги обвини стаорците за уништување на речиси 200 килограми канабис кои претходно ги запленила од дилери и го чувала во просторија во полициска станица.

„Стаорците се мали животни не се плашат од полицијата. Тешко е да се заштити дрогата од нив“, констатирал – останува нејасно дали иронично – судот во индиската сојузна држава Утар Прадеш.

Судот од полицијата барал запленетата дрога да ја приложи како доказ, а судијата Санџаи Чаудари навел дури три случаи во коишто глодарите ја уништиле запленетата марихуана. Станувало збор за количества кои на судот требал да послужат како доказ во случаи за трговија со дроги.

Во еден од тие налози, кога судот барал од полицијата да ја покаже запленетата дрога, е наведено дека 195 килограми канабис ги изеле стаорци. Во друг случај, во кој станувало збор за 386 килограми дрога, полицијата поднела извештај во кој било наведено дека „малку од канабисот го изеле стаорците“.

Судијата Чаудари рекол дека околу 700 килограми марихуана кои ги запленила полицијата биле „чувани“ во складиштата на полициските станици во округот Матхура, како и дека целата дрога била „во опасност од стаорците“.

Истакна дека полицијата не е стручна за решавањето на овој специфичен проблем и советувал запленетата дрога од „бестрашните глодари“ во иднина да биде заштитена така што наместо и натаму да се чува во полициските складишта, да се продаде на истражувачки лаборатории и медицински компании, а приходот да оди во државниот буџет.

Индиските медиуми потсетуваат дека во 2018 година осум полицајци во Аргентина добиле отказ откако го обвиниле глувците за исчезнување на половина тон канабис од полициско складиште. Но стручњаците тогаш го оспориле нивното тврдења, велејќи дека овие животни „тешко можат да ја заменат дрогата со храната“ и дека во тој случај во складиштата би имало многу угинати глодари.

Една студија од 2019 година покажала дека лабораториските глувци, по консумирање на тесто со канабис, „стануваат помалку активни, а телесната температура им се намалува“.

Најбизарен, сепак, е случајот од 2017 година во источната индиска сојузна држава Бихар кога тамошната полиција го обвинила стаорците за консумирање на повеќе илјади литри запленет алкохол, една година откако оваа држава ја донесе забраната за продавање и консумирање алкохол.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.