Индискиот премиер вежба јога со 30.000 луѓе

Нарендра Моди, индискиот премиер, направи поздрав на сонцето и други асани, со што што се приклучи на масовниот час по јога во Ранчи, источна држава Џарканд, на кој дојдоа 30.000 луѓе.

Поводот е 21 јуни, Меѓународниот ден на јогата, што се одбележува петти пат по ред.

И неговите министри учествуваа на слични настани низ Индија.

Темата на овогодинешниот ден на јогата е “Климатска акција”, а Моди рече дека јогата “може да го поттикне единството … со сета флора и фауна што ја делиме на нашата прекрасна планета”.

Индија е земја со 1,25 милијарди луѓе, а има и Министерство посветено на јогата и на традиционалната медицина, како што е ајурверда.