Индиските власти со план од 40 милијарди долари за да се извлечат од рецесија

Владата на Индија објави план од 40 милијарди долари со кој се надева дека ќе се извлече од рецеција која опфаќа се повеќе сектори во државата. Таа сума ќе биде додадена на централниот буџет за фискалната 2020/2021 година. Целта е успорување на брзите темпа со кои БДП на државата се намалува.

– Производството на електреична енергија се намали до историски ниско ниво, изјави поранешниот главен економски советник во државата Арвинд Субраманиан.

Во актуелната фискална година што завршува на 31 март, економијата на државата се очекува да се зголеми за помалку од пет отсто и тоа е најслабо од Големата рецесија од 2008 година. Истовремено за изминатите 12 месеци индустриското производство во државата се намали за речиси пет отсто што е резултат постигнат последен пат во 2009 година.

Средствата ќе се искористат како пакет за стимулирање на економијата и насочени кон земјделството, алтернативни извори на енергија и изградба на инфраструктурни проекти.