Индиско езеро старо 50.000 години стана розово

Педесет илјади години старото езеро Лонар во индиската сојузна држава Махараштри ненадејни последните неколку дена добило розова боја, а научниците сѐ уште не ја знаат причината за тоа.

Стручњаците веруваат дека причинат за тоа би можело да биде зголемување на салинетот на водата, присутноста на некој вид алги или комбнинација од овие два елемента. Потсетуваат дека случна појава имаше и на Големото солено езеро во американската сојузна држава Јута и на езерото Хилиер во Австралија.

Локалниот геолог Гаџанан Кхарат во видео-снимка објавена на Twitter на туристичката заедница на Махараштра вели дека тоа се случувало и порано, но појавата не била толку интензивна.

„Се чини дека езерото оваа година е со особено розова нијанса поради порастот на салинетитот“, рече Кхарат додавајќи дека количеството на водата во езерото се намалило, што може да влијае на зголемувањето на салинитетот.

Геологот вели и дека научниците ја истражуваат присутноста на црвените алги во езерото, коишто исто така, би можеле да влијаат врз промената на бојата на водата. Додава дека примероците се испратени во неколку лаборатории, како и дека „по истражувањето со сигурност ќе може да се каже поради што езерската вода станала црвена“.

Езерото се наоѓа на ооколу 500 километри од Мумбаи, и настанало како пад на метеор на Земјата пред околу 50.000 години. Научниците од целиот свет со години го истражуваат, а со време стана и популарна туристичка атракција.