Индо-пацифичката стратегија на САД е осудена на неуспех, оценува Пекинг

169

Американската индо-пацифичка стратегија, чијашто цел е поттикнување конфронтации и поткопување на мирот во регионот, сигурно е осудена на пропаст, порача во неделата кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји на прес-конференцијата по состанокот со пакистанскиот министер за надворешни работи Билавал Буто Зердари во јужниот кинески град Гуанжу.

Како што истакна Ванг Је, народите од азиско-пацифичкиот регион се многу свесни за конфлитите до коишто може да доведе хегомонизмот, тие се стремат кон национална стабилност и благосостојба.

Шефот на кинеската дипломатија нагласи дека земјите од регионот не сакаат да избираат страни, алудирајќи на притисоците од САД во врска со руско-украинската војна, и порача дека главните тенденции во регионот се промовирањето на регионалната интегреција на азиско-пацифичката заедница со заедничката судбина.

Кинеските компании работата на проектот во вредност од 62 милијарди долари за изградба на мрежа патишта и пруги да ги поврзе своите региони на Ксинџијанг со Арапското Море на северозападот на Пакистан. Проектот треба да претставува најкуса можна рута којашто ги поврзува копното со морето, а којашто на Киена би ѝ овозможил на Блискиот исток, Европа, Африка и пошироко.

Вашингтон, како што додаде Ванг Ји, под изговорот за наводна „слобода и отвореност“ во реалноста формира грапации во регионот кои сакаат тамошните земји да ги стават во служба на сопствениот хегемонизам.

„Фактите ќе докажат дека таканаречената индо-пацифичка стратегија всушност е стратегија за создавање разногласија, поттикнување конфронтации и поткопување на мирот, без разлика како ќе биде претставена оваа стратегија, таа на крајот ќе пропадне“, рече Ванг Ји кого го цитира во соопштение кинеското министерство за надворешни работи.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се надева дека Вашингтон ќе ги убеди своите сојузници дека остануваат концентрирани на новонаречениот индо-пацифички регион и на американскиот долгорочен предизвик Кина со која Индија има нерешени погранични проблеми на Хималаи, како и со Пакистан со кој имаше неколку војни во историјата околу проблематичната област Кашмир.

Американската стратегија во индо-пацифички регион претпоставува спротиставување на Индија и Кина, двете нуклеарни сили и најнаселени земји на планетата кои имаат повремени судири на Хималаи. Притоа, Вашингтон вложува напори да го убеди Њи Делхи дека поддршката за Москва на крајот ќе го ослабе во однос на Пекинг, чиишто амбиции во азиско-пацифичкиот регион ги загрижува и САД и Индија.

САД се сомневаат дека Индија всушност ѝ помага на Русија со тоа што надоместува некои санкции наметната поради војната во Украина, како што се запирањето и намалувањето на увозот на руските гас, нафта и јаглен, кои го воведе Западот. Поради цврстите врски наследени уште од периодот на блоковската идеолошка Студена војна, владата на Нардендра Моди ја смета Русија за „носечки столб“ на својата надворешна политика поради нејзиното „стратешко партнерство“ во националната безбедност.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.